Најмалку 30 луѓе загинале, а 50 се повредени при експлозија на две бомби за време на молитва во џамија во Авганистан, соопштија официјални авганистански лица.

Портпаролот на гувернерот на источната провинција Нангахар, Атахула Коѓани, соопшти дека меѓу загинатите има деца и дека се стравува оти конечната бројката на жртви може да биде поголема.

Првично никој не ја презема одговорноста за нападот, а од новинската агенција „АП“ напоменуваат дека во источниот дел на Авганистан активно делуваат групи на Талибансците, како и на Исламската Држава.