Седум луѓе се повредени при пукањето во ноќен клуб во американскиот град Риверсајд, Калифорнија. 

Како што соопштија од полицијата истрагата е во тек, но засега нема извештаи за уапсени во врска со пукањето.

Според телевизијата Ен-Би-Си, повредените се надвор од животна опасност.

Во моментот, кога се случило пукањето, во клубот имало прослава на Ноќта на вештерките.