Бројот на убиените во пресметката меѓу бандитите и полицискките службеници во Милагрес, во североисточниот дел на Бразил, се зголеми на 14, објави канцеларијата на локалниот гувернер.
Во соопштението се вели дека повеќето луѓе биле убиени кога полицајците отвориле оган врз разбојниците кои се обиделе да ги пренесат банкомати на две банки на главната улица.
Надлежните објавија дека пет членови на бандата биле убиени во престрелката и дека двајца загинале во болницата и дека осмиот член на банда бил убиен за време на полициската акција.
Во заложничката криза, која се случила попресметката, шест цивили беа убиени.
Полицијата уапси тројца осомничени.
Локалните медиуми објавија дека меѓу загинатите заложници имало пет членови на едно семејство, меѓу кои и две деца на возраст од 13 и 14 години.
Comments are closed for this post.