Бакингемската палата потврди дека погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон. Погребот ќе биде најголемата безбедносна операција досега за лондонската полиција.
Полицијата ќе распореди најголем број полицајци до сега на улиците на градот, изјави Стјуарт Канди, заменик помошник началник на лондонската полиција, истакнувајќи дека тоа ќе биде нивната најголема безбедносна операција досега. Ќе се соберат бројни светски лидери и монарси, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.
Полициското обезбедување ќе биде поголемо отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.Планиран е со години и нема да се штеди трошок за спектакуларно испраќање кое досега не е видено. Тој ден ќе биде прогласен за национален празник, а ќе присуствуваат стотици странски државници и светски лидери.
Ова можеби најскапиот британски државен настан во модерното време, чиј трошок се очекува да надмине осум милиони фунти. „Тајмс“ пишува дека трошоците ќе бидат околу шест милиони, но тоа е нереална бројка бидејќи речиси сите големи кралски настани како овој досега чинеле околу осум милиони фунти.
Најголем дел ќе оди на осигурување. Деталите за трошоците британскиот парламент ќе ги соопшти подоцна, а се ќе се плаќа од државниот буџет, односно од џебот на даночните обврзници.
Инаку, последниот државен погреб во Велика Британија го одржа Винстон Черчил во 1965 година.
Comments are closed for this post.