Агенцијата на ЕУ за следење нелегална употреба  на дрога соопшти дека кокаинот сè повеќе е достапен на континентот.

Во извештајот објавен денеска се наведува дека социјалните мрежи им помагаат на малите криминални групи и поединци непречено да ја продаваат таа дрога.

Агенцијата, со седиште во Лисабон, наведе дека властите идентификувале „кол центар за кокаин“, кој го користат куририте кои пружаат брза и прилагодлива мрежа на испорака.

Од друга страна, се  наведува во извештајот дека властите одземаат се поголеми испораки на кокаин кој пристигнува во Европа, истакнувајќи дека во 2017 година се одземени 140 тони, што е двојно поголема количина од 2016 година.

Иако се зголемува користењето и достапноста на кокаинот во Европа, канабисот и натаму е најупотребуваната недозволена дрога, се наведува во извештајот.