Се ожени Ахмат Кадиров, 17-годишниот син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Неговата сопруга е  Тамила Махматова, за која не се знае многу.

По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни беше организирана раскошна прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците биле испразнети од жители.

Исто така, никој не смеел да ја снима свадбената веселба. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа колона луксузни автомобили а пред свадбата полицајци ги посетувале куќите и го предупредуваа населението за забраната.