Србинката Ива сподели искуство како е да се работи во далечната Алјаска.

Таа работи во компанија која се занимава со риба, а во видеото открива како изгледа нејзиниот просечен ден, како варираат платите, какво е работното време. Таа тврди дека платата е многу добра, но дека е многу напорна работа. Платата се движи од 2.000 до 7.500 долари.

 

 

Платата почнува од 2.000 долари месечно, ако работиш во најслаба компанија или паднеш во место каде што има лоша сезона и до некаде околу 7.500 ако паднеш во добро друштво. и ако сезоната е силна. 7.500 можеби звучат како многу, но буквално секој ќе работи по 16 и пол часа на ден, без слободен ден. Така да немате слободен ден.Паузите се по четири часа и 15 минути, првата пауза по четири часа е 15 минути, по следните четири часа има пауза од половина час за оброк, по четири часа има уште една пауза од 15 минути и после работиш до крај на смена.стварно е напорно и така можеш да работиш два месеци.Тоа се фирми што работат со лосос и се работи во јуни и јули.Има неколку фирми,некои се поделени на 12- часовни смени, некои 16 и пол часа, а има и такви каде што нема смена, сите работат една смена“, објасни Ива.