Сенаторката од сојузната држава Њујорк, Кирстен Џилибранд, во текот на шоуто на Стивен Колберт, објави дека има намера да се номинира за кандидат за претседател од демократите на претседателските избори во 2020 година.
Нејзината намера да се номинира за кандидат за претседател предизвика гласно одобрување на присутните во студиото. Џилибранд укажа дека ќе се бори за воведување систем за општа здравствена заштита во САД, развој на високо државно образование и системи на курсеви за квалификација на специјалисти. Таа додаде и дека ќе се бори протов „корупцијата и алчноста“ на Вашингтон.
Џилибранд беше една од првите жени, кои во 2017 година јавно се произнесоа дека биле сексуално малтретирани од нивни соработници или надредени. Таа тогаш го обвини својот сопартиец, Ел Франкен, сенаторот од сојузната држава Минесота, за сексуално малтертирање. Веднаш по неа истото го направија десетици други жени.
Comments are closed for this post.