Најмалку десет лица загинаа во авионска несреќа во Едисон, Тексас. Двомоторен авион се урнал во еден хангар на аеродромот кусо време по полетувањето, објавија локалните медиуми. Сите патници во авионот загинале.

Во времето на несреќата во хангарот имало авион и хеликоптер. Уривањето предизвикало голем пожар кој пожарникарите го гаселе со часови.

Авионот што паднал се смета за еден од најдобрите во неговата класа – станува збор за „Бичкрафт БЕ-350 Кинг ерс кој е целосно уништен.

Истражители ја испитуваат причината за несреќата.