Досега незабележано невреме со огромни количества град удри на мексиканскиот град Гвадалахара, покривајќи го градот со дебел слој мраз. Жителите во некои делови на градот се разбудија во шок кога надвор видеоа мраз со дебелина меѓу 1,5 и два метри.

Нема информации за загинати или повредени. Се јавува дека се оштетени околу 200 автомобили кои надојдените порои ги носеле по улициѕте.

Градоначалникот на градот со пет милиони жители изјави дека вакво нешто не се памети во историјата, а особено што градот удрил по умерено топлиот ден кога биле измерени 30 Целзиусови степени.

Додека децата уживаа на глетката и на можноста за снежни лудории, градските власти мораа да употребат трешка механизација за да ги исчистат улиците.