Кибер нападите со уценувачки вируси се во голем пораст, се наведува во годишниот извештај на Европол. Во тие кибар напади хакерите блокираат податоци и документи на корисници, по што жртвата ја уценуваат за пари, за да и го вратат пристапот до нив.
Особено распространети се злонамерни софтвери како „УонаКрај“ и „НотПетја“ кои во 2017 година заразија стотици илјади компјутери во светот и предизвикаа сериозни економски штети.
Како што се наведува во извештајот на Европол, загрижувачки е и што освен кибер нападите кои ги извршуваат криминалци за да изнудат пари, кибер нападите во светски рамки се почесто се дело на националните држави, наместо на поединци.
Comments are closed for this post.