Александар Велики можеби умрел како резултат на труење со вино зачинето со токсична билка,стои во новото истражување на  научниците од Нов Зеланд, пренесува „Е здраве.ком“.

Еден од најголемите заповедници во историјата, тој починал во 323 година пр.н.е., на 33-годишна возраст по 12-дневната агонија за која многу историчари веруваат дека е предизвикана од треска.

Но, според „Дејли меил“, истражувачите од универзитетот Отаго на Нов Зеланд Отаго велат дека виното што ги пиел Александар Велики било зачинето со билка која преку ферментација станува смртоносна.

Шефот на истражувачкиот тим, Лион Шеп, токсиколог во Националниот центар за отрови на Нов Зеланд, смета дека билката што го труела Александар Македонски е хелеборус. (Helleborus)