Слободан oд Хрватска го опиша своето искуство од болницата во Шведска каде што бил поради корона вирусот, а се што кажа на почетокот звучи како бајка
Малку пред пладне, медицинска сестра влегува во мојата соба за пациенти во локалната болница во Шведска. Во раката има пенкало и бележник и ме прашува: „Што сакаш за ручек?“. Лежам во кревет со подесување на електричен душек, од чорапи, гаќи, панталони до маица целосно во нова облека што ја добив на прием во одделението за ковид, вели Слободан за хрватскиот портал Index.hr.
Низ прозорецот се гледа блиската шума, WiFi сигналот е одличен, а при рака го имам далечинскиот управувач за болничкиот телевизор. Собата е само моја, нема други кревети. Во пространата бања над мијалникот ме чекаат четка за заби и паста за заби, две крпи и комплет за бричење. И доволно тоалетна хартија. Ништо од тоа не донесов од дома.
Како хотел
Слободан вели дека се чувствувал како да е во хотелво носот.
Ме прашуваат што би сакал да јадам за ручек, како да сум во ресторан. Па не знам… Дајте ми исто како и другите пациенти.
Што се нуди сепак? прашал Слободан.
„Имаме свински стек или печен ослич, но можеме да подготвиме и нешто друго, се разбира поедноставно“, ги раскажува Слободан зборовите на медицинската сестра.
Comments are closed for this post.