Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко на социјалната мрежа Х објави ново интересно видео од украинското бојно поле.

На видеото наводно се гледа руски војник во борба со украински дрон.

Кога дронот се приближувал до војникот, тој ја симна чантата од рамото и со неа го удрил дронот кој експлодирал. Војникот потоа побегна.Снимката се уште не е проверена, а не се знае и каде и кога точно е снимена.