Сте се запрашале ли како изгледа животот во најкорумпираната држава во светот-Сомалија. Оваа држава во Африка која се граничи со Кенија и Етиопија со години има проблем со корупцијата. Како што велат локалните жители на шега, без мито не може да се отиде ни во тоалет.
Владее несигурност и речиси никој не зборува за бизнис. Слабата економија се заснова на големи монополи кои се под контрола на неколкумина моќници.Не постојат регулаторни тела па зато корупцијата си врви без никаков проблем.
Судството е корумпирано по сите основи и поделено на кланови а судиите се под постојани закани на убиства.
Состојбата во војската не е ништо подобра, а воените лидери го лажираа бројот на војници за да добијат повеќе финансии. Се на се во земјата владеат фамилијарните врски и бизнис релациите на блиски луѓе без изглед нешто да се промени.
Comments are closed for this post.