Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Џеон Киеон-Ду не прифати да го зголеми притисокот врз Северна Кореја поради ракетните тестови минатиот месец, се додека не се види точно за какви тестови се работи.
На безбедносната конференција во Сингапур, Џеон изјави дека во тек е истрагата за тестовите и дека наскоро ќе има заклучоци за тоа.
Разговараме за тоа дали станува збор за балистички ракети со краток домен. Постои мислење дека се работи за руската ракета „Искандер“ или за нова тактичко-балистичка ракета. Има податоци кои ги проверуваме за точно да утврдиме за што се работи – изјави Џеон.
Корејскиот министер смета дека Северна Кореја не ја пречекорила границата со тестирањето ракети и додаде дека тензијата меѓу двете војски значително е намалена.
Засега, режимот на Северна Кореја покажува дека има намера да се спроведе мировен процес преку дијалог и преговори – Џеон.
Јужнокорејскиот министер за одбрана ја повика меѓународната заедница да ја охрабри Северна Кореја дека денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров е правилна одлука.
Comments are closed for this post.