Двајца странски државјани се соочија со суд под обвинение за обид да прошверцуват повеќе од еден тон кокаин и екстази во Австралија, откако нивната јахта удри во гребен, а тие побегнале на островите Абролос, на северозападот на Австралија.

Шверцерите се обиделе да ги сокријат торбите со дрога покривајќи ги со алги

Полицијата соопшти дека дрогата, во вкупна вредност од над 1.000 килограми, била пронајдена спакувана во 40 торби и има проценета улична вредност од повеќе од 1 милијарда американски долари.

Се тврди дека двајцата мажи, 51 годишен француски државјанин и 34 годишен Англичанец, биле откриени седум километри подалеку од островот Буртон, каде пристигнале со гумен чамец.

Јахтата „Зеро“ која била натоварена со еден тон дрога

Пребарувањето по нив се одвивало и на море и од воздух откако била откриена напуштената јахта, а полицијата тврди дека мажите биле пронајдени како се криеле на блискиот остров Бартон, откако ја пренесле дрогата таму со помош на помал брод.

Од полицијата дополнуваат дека мажите се обиделе да ги сокријат торбите со дрога покривајќи ги со алги.