Јахта долга 40 метри потона во Средоземното Море. Инцидентот се случил кога таа паднала од товарен брод, додека била превезувана од шпанскиот остров Мајорка до италијанскиот град Џенова.
Луксузното пловило со назив „My Song“ е во сопственост на италијанскиот милијардер и моден магнат Пјерлуиџи Лоро Пјана. Според Форбс, тоа чини милијарда и пол долари.
Јахтата, инаку, добила неколку награди, меѓу кои и „Најдобра јахта“ на Светските награди за суперјахти.
Нејзин е и рекордот за најголема брзина постигната на Трансатлантската регата минатата година.
Comments are closed for this post.