Поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон денес се пожали дека му е ставена забрана за влез во Европскиот парламент, иако е избран за пратеник минатиот викенд.

Пуџдемон, кој избега од Шпанија во 2017 година за да избегне судски пресуди поврзани со спроведувањето референдум за отцепување, прогласен од шпанските власти за нелегален, на Твитер објави дека генералниот секретар на ЕП  добил инструкции да им забрани влез нему и на Тони Комин, поранешен каталански министер. И двајцата живеат во Брисел.

Портпарол на ЕП изјави за медиумите дека на двајцата избрани европратеници не можеле да им  дадат потврди затоа што од Шпанија не добиле листа на избрани пратеници, а поради „политичкото прашање“ не сакале да му дадат привремена пропусница.

Пуџдемон соопшти дека ќе почне „правна процедура за да ги оспори сериозните прекршувања на нивните основни права како европски граѓани“.