Комбинацијата на се посериозните последици од климатските промени и бавната реакција на луѓето, го оставаат човештвото на меланхоличен пат што води во хаотичен свет што може да предизвика глобален општествен колапс, се нагласува во новиот извештај на организацијата „Брејктру Нешнал центар“ со седиште во австралискиот град Мелбурн.

Извештајот беше претставен поранешниот началник на австралиските одбранбени сили и пензиониран адмирал на австралиската морнарица, Крис Бери.

Авторите на извештајот изнесоа сурова вистина за безнадежната ситуација во кој се наоѓа човештвото и нашата планета. Во извештајот се истакнува дека постои реална можност човековиот род да оди во насока на истребување – изјави Бери.

Еден од заклучоците што се наведува во извештајот е дека климатските промени се среднорочна закана за човековата цивилизација и дека светските влади мора да ги зајакнат своите напори во борбата против глобалнто затоплување. Се наведува и дека штетните ефекти од глобалното затоплување ќе се одразат на намалена количина на храна и вода во некои деловина светот и тоа ќе биде катализатор за социо-политички нестабилности и зголемен немир и судири.

Авторите на извештајот пресметале дека ако се продолжи загадувањето со сегашното темпо, до 2050 година ќе има зголемена температура за три степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период. Ефектот би бил забрзано топење на ледените површини, широко распоространето губење на пермафрости, суша и измумирање на живот во делови од Амазонија.

Дестабилизацијата на воздушните струи значително ќе влијае на интензитетот и географската дистрибуција на азиски и африкански монсуни, а заедно со дополнителното успорување на Голфската струја во прашање се доведуваат и системите за одржување на живитот во Европа – се истакнува во извештајот.

Северна Америка би била изложена на катастрофални климатски екстреми, вклучително пожари, топлотни бранови и суша. Би исчезнале летните монсуни во Кина, а нивото на големите азиски реки би било значително пониско поради губење на повеќе од една третина од хималајскиот мраз. Губењето на глечерите на Андите би било и до 70 отсто, а врнежите во Мексико и Централна Америка би се намалиле за 50 отсто.