Рано утрово, во 3.45 часот по израелско време (2,45 по средноевропско) започна новата ера за израелско истражување на вселената со лансирање на првото беспилотно летало кон Месечината. Ако мисијата биде успешна, земјата ќе стане четврта, после Русија, САД и Кина, на која тоа и тргнало од рака.
Леталото е лансирано од Флорида со помош на ракетата „Фалкон 9“ во сопственост на Илон Маск. На месечината би требало да слета за два месеци. Леталото, во себе го носи роботот „Беретштет“, што на хебрејски значи „Битие“, е со големина на машина за перење и тежи 585 килограми.
По слетувањето на Месечината, роботот ќе почне да снима фотографии и да го мери Месечевото магнетно поле. Сите податоци ќе бидат споделени со американската Национална вселенска агенција (НАСА).
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го следел лансирањето во живо преку пренос од израелскиот контролен центар во Тел Авив.
„Ова е голем чекор за Израел, нои огромен чекор за израелската технологија“, изјавил Нетанјаху.
Comments are closed for this post.