Премиерот на Израел, Бенјамин Натанјаху, му соопштил на потпретседателот на руската влада, Максим Акимов, дека Израел ќе ги продолжи нападите врз мети во Сирија и покрај руската испорака на против воздушни ракетни системи С-300 на официјален Дамаск.
Таквиот став, Нетанјаху го објаснува со образложението дека неговата земја на тој начин се бори напорите на Иран воено да се зацврсти во Сирија и да му испорачува оружје на либанската организација Хезболах.
Напнатоста меѓу Русија и Израел околу активностите на израелската авијација во Сирија се подигна на високо ниво откако сириската противвоздушна одбрана гаѓајќи ги израелските авиони, по грешка собори руски авион, при што загинаа 15 руски војници.
За тој инцидент, Москва директно го обвини Израел со образложение деа неговите авиони го користеле рускиот авион како штит. На таквите обвинуања, Израел одговара дека израелските авиони веќе биле во својот воздушен простор во моментот кога бил соборен рускиот воздухоплов.
Како одговор на тој инцидент, Русија почна да и испорачува на Сирија ракетни системи С-300.
Comments are closed for this post.