Втор ден од ескалацијата на судирите на Израел со палестинските сили, израелската војска во насочен напад убила командант на Хамас во Појаот Газа. Во ракетнте и воздушни напади, кои започнаа вчера досега загинале тројца Израелци и осум Палестинци.

Израелската војска соопшти дека го убила командантот на Хамас, Хамада Ахмед Абеда Кудри, кој бил задолжен за трансфер на пари од Иран за вооружените движења во Газа.

Палестинци кои биле сведоци на нападот наведуваат дека Кудри е убиен во воздушен напад, додека се наоѓал во својот автомобил.

Велат дека ова е прв ваков напад од војната во Појасот Газа во 2014 година.

Војската на Израел соопшти дека во денешните воздушни напади Појасот Газа бил погоден повеќе од 210 пати, а дека од саботата кон Израел биле лансирани повеќе од 600 проектили, од кои 510 ја преминале границата со Газа.

Системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“ пресретнал 150 ракети. Многу од проектилите паднале на отворени подрачја, истакна портпаролот на војската, но додаде дека повеќе од 35 ракети погодиле населени места.

Израелската војска очекува продолжување на судирите и во следните денови.