Оган зафатил брод на крајбрежјето на Калифорнија и се стравува дека има многу загинати. На бродот имало 39 луѓе, а официјални претставници потврдија дека сите загинале во пожарот, но не кажаа точна бројка.

Бродот долг 23 метри емитувал сигнал за итна состојба во близина на островот Санта Круз. Станува збор за бродот „Консепшн“ наменет за нуркачи.

Гасењето било многу тешко заради истечување на гориво. Можно е некој да преживеал со скокање во вода и евентуално да доплови до брегот, но за сега тоа е само претпоставка.

Според официјални информации пет членови на екипажот кои биле на горниот дел биле спасени, додека другите 34 најверојано не успеале да се извлечат и сите изгореле во пожарот.

Се очекуваат дополнителни и попрецизни информации од истрагата за несреќата.