За прв пат од постоењето на затворот Поѓореале во Неапол денес изутрина успеал да избега еден затвореник. Станува збор за 32-годишниот Полјак Роберт Лисовски затворен заради убиство на еден Украинец во декември 2018 година.
Затворот во Неапол е отворен во 1919 година и од тогаш на ниту еден затвореник не му успеало да побегне – се до денес изутрина и тоа не филмски начин. Роберт избегал со помош на чаршафи.
Затворската служба крева раце во чудење како се случило бегството ако се земе предвид дека просториите се набљудуваат со камери.
Полицијата почна голема потера по Лисовски и потенцира дека станува збор за опсен криминалец.
Генералниот секретар на затворската полиција коментираше дека „овој случај докажал дека затворот треба да се урне, а директорот на затворот да биде разрешен“.
Comments are closed for this post.