По 31 година поминати во кома вчера починал Италијанецот кој настрада во сообраќајна несреќа во 1988 година.

Тогаш 22-годишниот Игнацио Окамото, од мајка Италијанка од Бреша и татко Јапонец, беше тешко повреден за време на одморот на неговиот татко. Починал во болницата Колебатео во Бреша

Неговата мајка рече дека „цели 31 година ние сме изолирани од светот. Мојот сопруг во очај ја напушти работата и цело време беше покрај синот“.

Окамото заедно со четворица пријатели критичната ноќ излетал од автопатот при што едно лице загинало на лице место, а неговиот 22-годишен син бил тешко повреден, по што паднал во кома од која никогаш не излегол.

Се смета дека една жена најдолго поминала во кома – цели 42 години.