Италија влезе во уште подлабока политичка криза чија резрешница ќе се гледа на нови избори откако денес попладне оставка најави премиерот Ѓузепе Конте.

Тој рече дека оставката ја поднесува затоа што вицепремиерот Матео Салвини предизвикал политичка криза со цел да добие лична корист и притоа ја довел земјата пред економска неизвесност.

Говорејќи во Парламентот, Салвини рече дека оставката на претседателот Серџо Матарела ќе му ја поднесе во текот на денот.

„Драг Матео, предизвикувајќи ја владината криза превземаш голема одговорност пред земјата“, му рече Конте.

Салвини не остана без одговор:„Го направив тоа што го направи зашто сум слободен човек и не се плашам од судот на народот. Ние сме слопбоидна и суверена земја и јас лично сум уморен да ги чекам да се договорат сите во Е“.

Тој притоа подвлече дека мора да се работи храбро за Италија до 2050 без притоа да се биде зависен од ЕУ.

Во последната анкета Лига на Салвини е на прво место со поддршка од 32 проценти, додека на второ место е Пет ѕвезди, поранешните владини партнери, кои имаат 24 проценти.