Италија доби нова влада. Старо-новиот премиер Џузепе Конте денеска положи свечена заклетва. Како и секогаш, церемонијата се одржа во Претседателскиот салон на претседателската палата Квиринале во присуство на претседателот Серџо Матарела.
Новиот кабинет на Конте има две министерски места повеќе од претходниот.
За составот на новата влада, што ја сочинуваат министри од Пет ѕвезди, демократи и партијата Слободни и еднакви, Конте го употреби спортскиот термин „тим“ како знак дека исто како во еден спортски колектив, сите треба да се единствени кон постигнувањето на општата цел.
Да ја подобриме Италија во интерес на сите граѓани од север до југ, рече Конте.
Ова е најмлада влада на Италија досега. Нејзината просечна возраст е 47 години. Од 21 министер, 12 за првпат добиваат таква функција, а меѓу нив 8 се жени. Дури 11 министри потекнуваат од јужна Италија. За денеска е закажана и првата владина седница.
Comments are closed for this post.