Со читање поезија, минута молк и политички говори за неопходноста од борбата против климатските промени, исландски функционери, активисти и други присутни се простија од некогашниот глечер Окјокул.

Станува збор за првиот исчезнат глечер во Исланд, кој тамошниот геолог Одур Сигурдсон уште пред 10 години го прогласи за мртов.

Во присуство на медиумите, Сигурдсон на комеморација донесе и посмртница, додека деца поставија спомен плоча, посветена на глечерот, што сега само се вика „Ок“

Овој споменик е признание дека знаме што се случува и што треба да се направи. Само Вие ќе знаете дали тоа го направивме“ – вели пораката за идните генерации што е испишана на спомен-плочата.

Сигурдсон предупреди дека за 200 години од Исланд ќе исчезнат сите глечери.