Самитот се одржува во многу тешко време за Аргентина. Годинава инфлацијата во Аргентина достигна околу 40 отсто, а економијата е во пад. На аргентинскиот претседател Маурисио Макри, поборник на слободниот пазар, популарноста му опаѓа паралелно со падот на вредноста на националната валута пезетата и намалувањето на куповната моќ на просечниот Аргентинец.
Се противиме на политиките на Г20, која го води светот во поделби. Во Аргентина и во остатокот од светот недостига образование, храна и работа, поради политиките за кои се разговара на самитот, изјавил демонстрант, пренесува Ројтерс.
Демонстрантите беа далеку од челниците на САД, Русија, Кина и другите глобални сили кои дојдоа на самитот за кој се очекува дека дополнително ќе биде доминанто преокупиран со американско-кинеската трговска војна.
Demonstrators protest outside the presidential palace, ahead of the Group 20 summit, in Buenos Aires, on Thursday. The writing on the banner reads ‘Property of the G20, who chooses?’ pic.twitter.com/y5JGJDzwZB
— Darlington Micah (@DarlingtonMicah) November 30, 2018
Полицијата, крајбрежната стража и граничните патроли контролираат област од 12 квадратни километри а владата соопшти дека 25.000 полицајци се подготвени да реагираат доколку избувнат насилства.
Comments are closed for this post.