Казна од 95 евра за секој кој ќе биде фатен како зборува на мобилен телефон додека вози велосипед, ќе биде воведена во Холандија од 1 јули.
Се смета дека висината на казната е соодветна и таа е споредена со казните за возачи на автомобили, за кои е предвидена казна од 240 евра за прекршокот – користење мобилен додека управува со возилото.
За велосипедистите ќе биде воведена и казна од 55 евра додека немаат светло на точакот.
Нема информација колку несреќи на велосипедисти се поврзани со користењето на мобилните телефони. Пред 10 години четири проценти од несреќите на велосипедистите биле поврзани со користењето мобилни телефон или други електронски гаџети, но се смета дека тој процент во последните неколку години е драстично пораснат.
Comments are closed for this post.