Во Чикаго удри поларниот вортекс и ги симна темпераурите на под 30 Целзиусови степени. Се најавува дека ноќеска живата во термометрите ќе падне и под 50 степени. Ветрот во градот кој го викаат и „винди сити“ ги прави температурите неподносливи.

Деновиве на улиците на Чикаго е забележана појава како на луѓето на сред улица им ги крадат топлите ветровки. Осум лица пријавиле таков напад кои останале речиси голи на ужасниот студ.

Како заштита од поголемите оштетувања е вклучена и железницата. Таму е активиран протоколот за поларни студови, а тоа значи палење на пругите. Железничките линии се поврзани со гас кој се пали по потреба. Токму така е деновиве, а сето тоа е убаво прикажано на видеото.