Најмалку 80 новинари се убиени годинава во светот заради својата работа, објави денеска невладината организација Репортери без граници.

Повеќе од половината се убиени во само пет земји: Авганистан, Сирија, Мексико, Јемен и Индија, се наведува во годишниот извештај објавен во Берлин.

Според тие податоци, 15 новинари се убиени во Авганистан, 11 во Сирија, девет во Мексико, осум во Јемен и шест во Индија.

Во извештајот е наведено и дека шест новинари загинале во САД, од кои четворица во нападот на весникот Капитал Газте во Мериленд.

Репортери без граници навдуваат дека 348 новинари во светот се наоѓаат во затвор, најголем дел во пет земји: Кина 60 новинари, Египет 38, Турција 33, Иран 28 и во Саудиска Арабија 28 новинари се во затвор.

Во светот во последните 10 години убиени се 702 новинари.