Парламентот на Казахстан денеска едногласно го прифати законот со кој се менува името на главниот град на државата од Астана во Нурсултан. Така, градот и официјално е со ново име, пренесува агенцијата Казинформ.

Предлогот за промена на името без одржување референдум беше на Касим Жомарт Токаев, кој денеска стапи на должноста претседател на Казахстан, откако вчера долгогодишниот лидер на централноазиската република Нурсултан Назарбаев ненадејно поднесе оставка.

Токаев (65 г.), досегашен претседател на Сенатот, во првиот свој говор објави дека ќе ја следи политиката на неговиот претходник и предложи престолнината Астана да биде прекрстена во Нурсултан. Астана го замени името на Алма-Ата во 1997 година и стана футуристички град. Новиот претседател ќе остане на функцијата до изборите закажани за април идната година.

На местото на Токаев денеска беше назначена Дарига Назарбаева (55 г.)-најголемата од трите ќерки на бившиот претседател, со што стана втора личност во државната хиерархија.