Хашкиот суд денеска треба да ја потврди денешната пресуда на еден од главните ликови на војната во Босна и Херцеговина, а тоа е Радован Караџиќ. Но, кој е всушност Караџиќ. Тој е првиот претседател на Република Српска, воен командант кој се терети дека наредил убивање на муслимани, за геноцид, за терор и држење на цивили.

За сето ова беше осуден на 40 години затвор но сега денеска таа одлука може да биде потврдена, укината или пак да се донесе пресуда за доживотен затвор.

Тој повеќе од десет години беше во бегство и се криел во Белград но со нов идентитет како доктор по психологија Драган Дабиќ

Изградил нов, непрепознатлив имиџ, со коса фатена во репче,долга брада и наочари. Под лажното име тој имал неколку јавни настапи, па дури напишал и дело под наслов „Здрав живот“. Се претставувал како доктор Драган Дабиќ, доктор по психологија и биоенергија. Исто така имал и свој веб сајт кој бил уредно регистриран.

Тој имал и свои јавни настапи на кои зборувал за биоенергија и собирал од 200 до 400 луѓе. Зборувал со одличен спрски акцент без воопшто да се забележи дека не е србин. Тој е доста наградуван како писател, па дури ја добил и наградата „Михаил Шолохов“ од Русија за придонес во развитокот на словенската литература.

Српските медиуми коментираат дека бил фатен откако агентска на српската полиција отишла кај него  на третман и откинала парче од неговата коса за да се открие неговиот точен идентитет.