Норвешкиот крал Харалд Пети денеска е примен во универзитетската болница во Осло, соопшти кралската палата без да наведе повеќе детали.

Кралот е на боледување, додаде палатата, пренесува ДПА. Неговиот син, престолонаследникот Хакон, ќе го замени денеска и ќе претседава со седницата на државниот совет со кабинетот, се вели во соопштението. Харалд (83) стана крал во 1991 година.