Хонг Конг, соочен со четвртиот бран на ковид-19, прави напори да спречи ширење на вирусот, откако една болница стана жариште на инфекцијата.

Помеѓу 60 и 70 медицински работници во болницата во хонгконгската населба Квун Тонг, кои се сметаат за блиски контакти на заболениот пациент, се во карантин, а треба да се тестираат од 6.000 до 7.000 вработени во таа здравствена установа, објавија локалните медиуми.

Пациент кој бил позитивен на ковид-19 заразил уште седум лица, зголемувајќи го бројот на заразени од тој кластер на 19.

Властите во Хонг Конг, исто така, ги засилија контролите врз замрзнатата храна, бидејќи властите во Кина тврдат дека го пронашле вирусот и на амбалажата на увезена замрзната храна.