Хакери украле податоци од сајтот на Министерството за надворешни работи на Франција, што биле наменети за граѓаните кои патуваат во странство, соопшти француското МНР.

Украдени се лични податоци внесени при регистрација на платформатѕа „Ариане“. Тие податоци би можеле да бидат злоупотребени, но со ограничен ефект, бидејќи тие информации не содржат чувствителен финансиски материјал ниту податоци, кои можат да ги откријат дестинациите, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Сајтот „Ариане“, кој на француските патници им советува да „останат поврзани поради својата безбедност“ воспоставен е во 2010 година и им овозможува на француските државјани да добијат информации поврзани за безбедноста додека се во странство.