Официјални лица од Малезија поделија на своите граѓани половина милион маски за лице откако огромен чад заради пожар кој ја зафати Индонезија се прошири и на соседните земји.
Шумски пожари се шират на Суматра и Калимантан изминативе неколку седмици. Повеќе од 930 илјади хектари земја се уништени, а илјадници жители се евакуирани. Над 9 илјади луѓе моментално се обидуваат да се изборат со огената стихија, пишува СиЕнЕн.
Сингапур и Малезија кои се наоѓаат во близина со денови се гушат токму поради овие пожари. Квалитетот на воздухот дојде до крајните граници и опасен е по животот на луѓето.
Пожарите, според првичните истраги, ги предизвикале земјоделци кои на овој начин, како и секаде во светот, ги чистат стрништата. Токму тоа е причината за избувнувањето на катастрофалните пожари во Амазонија какви не се видени досега.
Националната агенција за природни катастрофи на Малезија во вторникот обезбеди половина милион маски за жителите во државата Саравак. Затворени се дури 409 училишта.
Comments are closed for this post.