Освен жестоката дебата околу Брегзитот, британскиот парламент стана арена и на „гол“ протест. Екологисти го избраа овој начин за да ја изразат својата загриженост од глобалното затоплување.
Додека пратениците дискутираа како Кралството да ја напушти Европската унија, заштитниците на природата ги соблекоа своите алишта и ги покажаа своите тела на кои беа испишани пароли од кои една беше „Заштита на климата сега“.
„Перформансот“ траеше околу 25 минути, по што беа приведени од полицијата, која соопшти дека 12 души се уапсени поради недолично однесување на јавно место.
Comments are closed for this post.