Командантот на иранската револуционерна гарда Хосеин Салами изјави дека собориле американско беспилотно летало. Станува збор за „Global Hawk“ .Од војската на Иран напоменуваат дека не сакаат да војуваат со ниту една земја но оти се се подготвени на сите варијанти.

Летото е соборено во јужната провинција Хормозган. САД се уште се нема изјаснето дали ова е точна информација.