Џереми Хант, министерот за надворешни работи, ќе се соочи со Борис Џонсон во трката за иден премиер на Велика Британија откако Мајкл Гов беше елиминиран во последното гласање на конзервативните пратеници.

Гов го поддржаа 75 пратеници, а Хант имаше само два гласа повеќе.

Џонсон, кој се смета за фаворит во трката, доби 160 гласови.

За Џонсон и Хант сега по пошта ќе гласаат 160.000 члаенови на Конзервативната партија ширум земјата.

Победникот ќе биде објавен во неделата која почнува на 22 јули и ќе ја замени Тереза Меј на функцијата лидер на партијата и премиер на Британија.