Велика Британија треба да биде подготвена по “Брегзит” да го зголеми своето присуство, а Русија треба “да плати за своите провокации”, смета британскиот министер за одбрана Гејвин Вилијамсон, пренесува Ројтерс. Вилјамсон смета дека Брегзит ги довел британците до голем момент во нивната историја, но и дека границите меѓу војната и мирот се замаглени, а Британија и нејзините најголеми сојузници треба да бидат подготвени за употреба на тврда моќ за одржување на своите интереси.

Брегзит не донесе до голем момент во нашата историја. Момент кога ќе мораме да го зголемиме своето глобално присуство, да ја зголемиме моќта на нашето оружје и и да ја зголемиме својата тежина, вели Вилијамсон.