Германија планира да му помогне на „Дојче Бан“ со седум милијарди евра, како дел од пакетот мерки за спасување на државниот железнички оператор погоден од пандемијата на коронавирусот.

„Оваа сума би опфатила повеќе од половина од штетата предизвикана од падот на побарувачката за патувања како резултат на пандемијата, која „Дојче Бан“ ја проценува помеѓу 11 и 13,5 милијарди евра до 2024 година“, се наведува во предлогот на компанијата и германските министерства за финансии и сообраќај за доделување помош.

Транспортниот сектор е меѓу најтешко погодените од глобалната пандемија Ковид-19. Иако возовите во Германија не прекинаа со работа, „Дојче Бан“ соопшти дека бројот на патници на долги релации е само околу 10 до 15 проценти од вообичаеното ниво.

Првата транша од владината финансиска помош о