Oва е 66-ти ден од објавувањето на заканата од коронавирусот. Можам да ви соопштам добра вест дека ја добивме првата битка со епидемијата. Прогласивме голема победа и тоа сега не е само надеж или желба за само-охрабрување туку факт. Бројот на заразени лица е мал и бројот на новодијагностицирани е исто така значително мал. Тоа е така затоа што навреме ја донесовме секоја неопходна одлука, затоа што сите се однесувавме одговорно, луѓето низ целата земја, луѓето во Будимпешта, секој поединец, секое семејство, постарите лица и помладите, вели премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Ви благодариме за тоа! За време на денешните работни средби стана јасно дека добро се справуваме и со епидемијата во Будимпешта. Така што и таму, иако внимателно, можеме да преминеме на втората фаза на одбрана. Се укинуваат рестрикциите за движење и главниот град секогаш ќе ги следи мерките во остатокот од земјата со задоцнување од две недели. Одговорното однесување и социјалното дистанцирање се особено важни за Будимпешта. Ги повикувам градоначалниците сериозно да ги сфатат ризиците и да обратат особено внимание на домовите за стари лица. Ајде Будимешта!