Владата на Германија одобри план со кој до 2038 година ќе потроши до 40 милијрди евра како би се ублажиле последиците од напуштањето на експлатацијата на јаглен.

Министерот за земјоделство Петер Алтмајер изјави дека исплатата на парите ќе започне кога Парламентот ќе го донесе законот со кој се утврдуваат датумите и условите на откажувањето на Германија од користењето јаглен, веројатно следните месеци.

Во јануари, комисијата од Владата препорача Германија најдоцна до 2038 година да се откаже од користењето на јаглен за производство на струја, што е дел од напорите за сузбивање на климатските промени.

Германија повеќе од третина од енергијата ја произведува во термоелектрани на јаглен, што предизвикува огромни количини на стакленички гасови кои допринесуваат кон глобалното затоплување.

Одлуката на Владата е донесена во очи на избори во две покраини на истокот од Германија, каде се ископува лигнит.