Фармацевти на германскиот универзитет „Хале-Витенберг“ развиле начин за откривање мали количини коронавирус во раствор за миење на устата, користејќи техника што може да се употреби за тестирање.
„Студијата користеше примероци на раствор со кој пациентите заразени со новиот коронавирус ја плакнеле устата, успешно откривајќи го вирусот со помош на масена спектрометрија“, соопшти Универзитетот.
– Ние ги мериме пептидите што доаѓаат од вируси, а не од генетски материјал, објасни Андреа Синц, која работи на студијата.
Во моментов се потребни 15 минути за да се добијат резултатите од тој тест, а тие се значајни дури и со мали количини на раствор за плакнење. Тим на фармацевти работи на скратување на времето за тестирање.
Comments are closed for this post.