Извршниот директор на БМВ Харалд Кригер поднесе оставка, соопшти денеска германскиот производител на автомобили и најави дека бордот на директори на компанијата ќе разговара околу прашањето на неговиот наследник подоцна овој месец.
Агенцијата АП вели дека оваа вест доаѓа откако БМВ во првото тримесечје од оваа година ја имаше првата загуба во оваа деценија поради казната од 1,4 милијарди евра во една постапка со анти-монополската постапка, како и за големи почетни трошоци за нови технологии.
Comments are closed for this post.