Франција ќе почне со олеснување на „локдаунот”. Одржување на концерти и фестивали ќе биде дозволено со ограничен број на публика, пишува весникот „Фигаро”.
Весникот се повикува на изјава на француската министерка за култура Розлин Башлот.
Таа појасни дека властите планираат да дозволат одржување фестивали и концерти кон крајот на пролетта и летото, доколку на нив не присуствуваат повеќе од 5.000 луѓе.
Услов е сите гледачи да имаат место за седење, а присутните да носат маски и да одржуваат физичка дистанца. Освен тоа, Владата ќе создаде фонд од 30 милиони евра, кој ќе ја надомести штетата во случај на откажување на некој настан поради пандемијата на коронавирусот. Уште 15 милиони евра ќе бидат наменети за снимање на настаните и нивно емитување на интернет.
Comments are closed for this post.