Американскиот фармацевтски гигант Фајзер ќе мора да плати 2,3 милијарди долари оштета поради лажно промовирање и давање мито на лекари кои ги прикривале нус појавите од нивните лекови пред пациентите.
Ова е најголема казна што мора да ја плати некоја компанија од фармацевскиот сектор и предуредување до сите кои се служат со неетични методи и го загрозуваат здравјето на луѓето.
Фајзер лани имал приходи од 48,3 милијарди долари но сега ќе мора да се задолжи за да ја плати казната.